Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска се приклучија на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“.
Станува збор за организација која готви храна за бездомници и загрозени лица.
„Празниците се повод да ја поттикнеме хуманоста, добрината и солидарноста во секој од нас. Во пресрет на Велигденските празници, овој петок заедно со волонтерите од #РетвитниОброк и вработените во Kабинетот подготвивме посни оброци“, напиша Елизабета.
И од „Ретвитни Оброк“ апелираа дека во Македонија има многу луѓе кои не можат да си дозволат ниту основен оброк, а дека храна секојдневно се фрла.
Тие апелираат до сите граѓани, секое парче храна што ќе им остане да не го фрлаат, туку да го споделат со оние на кои им е потребно.