Ги истакнуваат облините и стојат совршено на речиси сите жени. Со овој модел нема грешка. Ако веќе немате, тогаш купете си капри пантолони. Трендот беше популарен во 90-тите и се враќа во голем стил, а без него оваа пролет е незамислива.
Судејќи спрема фотографиите на Инстаграм, пантолоните, со должина до глуждот, повторно ги освоија срцата на многу дами, па така можевме да видиме многу комбинации во кои токму овој модел игра главна улога.
View this post on Instagram
Овие пантолони ќе бидат во тренд во сите бои, дезени и материјали, од кожени, преку оние со цветен принт. Вам ви останува само да ги изберете оние кои се по ваш вкус.
Совет за модните експерти е да се носат во комбинација со сандали со штикла.
Ние ви носиме неколку предлози за стилизирање:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram