Првата дама Елизабета Ѓоргиевска се вклучи во кампањата за помош и донирање облека и ја нагласи потребата за поддршка на македонските дизајнери.
Таа објави дека пандемијата ја нагласила потребата за промена на начинот на производството, продажбата, конзумирањето и фрлањето на облеката.
„Со облеката што ја носиме, да ја прикажеме нашата грижа за животната средина, одговорно управување со природните ресурси и почитување на работничките права во производството на облека. Да го поддржуваме локалното производство и модни дизајнери, да ја донираме и подаруваме облеката која не ја носиме“, вели сопругата на претседателот Пендаровски.
Во интервју за „Репортер“, Елизабета ни кажа дека се облекува во облека од македонски дизајнери и сака да им биде поддршка.