Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објаснил како било планирано врз него да се изврши атентат и да се направи државен удар во земјата.
Тој смета дека организаторите на пучот, разработувале неколку сценарија, а едното од нив бил нападот да се случи за време на парадата на 9. мај.
Спроед него, организаторите на пучот се откажале од ваквата идеја, затоа што сватиле дека таквиот план е невозможно да помине, а тие да не бидат незабележани во Белорусија.
Тие ја разгледувале и опцијата да ја нападнат претседателската колона. Дури обезбедиле и ракетни фрлачи и ги доопремениле во Белорусија, изјавил Лукашенко.
„Се откажаа од тој план поради безбедносни причини. Колоната со возила се движи со голема брзина и мали се шансите да погодат“, изјавил Лукашенко.
Претседателот изјавил дека постоело и трето сценарио, во кое требало да ја нападнат претседателската резиденција која се наоѓа надвор од градот.
Лукашенко порача дека наскоро ќе потпише декрет со кој власта, во непредвидени ситуации, од претседателот ќе се префрли на Советот за безбедност на земјата, а премиерот ќе биде вршител на должноста шеф на државата.
Тој оценил дека во случај да му се случи на него нешто, нема гаранција дека работите ќе се вратат во нормала.
„Поради тоа ќе го потпишам декрет како ќе изгледа власта во земјата. Ако го убијат претседателот, Советот на безбедноста ќе ја превземе власта. Истиот момент, ќе се прогласи вонредна состојба. Ќе биде прогласена и воена состојба, во случај некој да се доближи до нашите граници“, изјавил претседателот на Белорусија.
Според него, Советот за безбедност на Белорусија ќе биде задолжен за носењето на одлуки. Во меѓувреме, уапсен е адвокатот Јуриј Зенковиќ, поради сомнение дка се подготвувал за атентатот на белорускиот претседател и државен удар.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој во целост ја признал вината и дал исказ. Ова го потврил началникот на истражното одделение на КГБ на Белорусија, Константин Бичек.
„Зенковиќ превземал конкретни обиди за врбување, подмитување на припадниците на Вооружените сили кои биле подготвени за парична награда да учествуваат во рушењето на власта по насилен пат. Тој сега се наоѓа во истражен затвор и како што веќе кажав против него е покренато обвинение. Во целост ја призна вината за злосторот за кој е обвинет, а сега активно сведочи за сите околности и противправни работи кои ги сторил“, изјавил Бичек за телевизијата „Белорусија 1“.
Лукашенко на 17. април соопштил дека опозиционерот Григориј Костусев, политикологот Александар Федут и адвокатот Јуриј Зенковиќ, планирале да извршат атентат на него и неговите синови.
За организацијата за обидот за атентат тој ги обвинил американските известувачки сили и американското раководство. Според зборовите на директорот на КГБ на Белорусија, Ивана Тертела, државниот удар бил планиран да се случи за јуни или јули годинава.