За Велигден и Бајрам да нема полициски час, угостителските објекти да работат до 20, е предлогот на Главниот кризен штаб во Владата, рече министерот за здравство Венко Филипче. Предлогот е за Велигден да нема полициски час, в сабота спроти недела , и исто така и за Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај.
Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час од среда, 28 април, да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.
Главниот координативен кризен штаб до Владата минатата недела предложи полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите.