Елегантна, по малку во машки стил, ама доволно секси, денес пред членовите на Советот на јавните обвинители, заклетва даде и обвинителката Фатиме Фетаи. Доскорешната специјална обвинителка, сега е еден од петте новоизбрани јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. И овој пат не можеше, а да не се забележи нејзиниот стил, за кој, велат нејзини блиски, се погрижил мајстор Борче. Иако во костим, Фатиме остави привлече внимание, особено што сивата комбинација ја освежи со виолетови чевли и чанта. Без гајле, карминот пак е црвен, што е заштитен знак на обвинителката.
За потсетување, денеска пред членовите на Советот на јавните обвинители покрај Фетаи, заклетва дадоа и Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева. Тие беа избрани на седницата на Советот, што се одржа на 22 април.