Тешко мене без тебе: Лила ќе му помага на Филип да се пробие на сцената

Водителката Лила Филиповска се враќа на музичката сцена снимајќи дует со младиот поп-пејач Филип Пешески, со наслов „Тешко мене без тебе“.

Спотот е во режија на „Томато продукција“, се снимаше во Мi Casa и на неколку локации во Скопје.

„Сакам да му помогнам на Филип како млад и талентиран артист. Најинтересно беше танцувањето со девојките во стилот на Џеј Ло“, изјави Лила за „Либертас“. Овој пат во сорабоката со Зоран Василевски – Фаци кому овој спот му е прв продукциски проект во кариерата.

Scroll to Top