Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ја препеаја песната „Бабино девојче“ од пејачот Нино Величковски. Песната ја посветија на градот Куманово, каде што го снимија и спотот.
„Оваа љубовна приказна му ја посветуваме на авторот Миќо Божиновски и градот Куманово. Со љубов од Дац и Александар“, напишаа тие.
Боемското дуо досега објавија и преработија неколку песни за време на пандемијата, меѓу кои „Љуби ме“, Јовано, Јованке“, „Корана, чао“ и други.