Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров по седми пат ќе игра на завршницата од Лигата на шампионите. Лазаров со Нант синоќа во четвртфиналето го победија фаворитот Веспрен со 62:60. Покрај рекордниот број на настапи во Фајнл Фор, Лазаров го држи и рекордот на голови.
Лазаров во Скопје откри дека ќе игра уште една година, и тоа во дресот на Нант. Тоа го потврди и првиот човек на Нант, Пелетие.
„Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година во Нант“, изјави Пелетие.
Кире покрај сите рекорди кои ги сруши синоќа стана и првиот селектор кој ќе игра на една завршница. Тој во „Ланксес Арената” во Келн на Фајнл фор играше во дресот на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Нант, како и трипати со Барселона.
Во сезоната 2014/15 македонскиот ас стана европски првак, а уште трипати играше финале за европска титула. Завршниот турнир на Лигата на шампионите сезонава се игра на 12 и 13 јуни во Келн.