Новак Ѓоковиќ денес го прославува 34. роденден и собори уште еден рекорд кој се однесува на првото место на АТП листата. Тој стана вториот најстар тенисер кој се наоѓа на врвот на оваа листа. Фановите му честитаа и му коментираа дека од ден за ден, годините за него се само бројка.
Денес Ноле му одговори на поранешниот американски тенисер Патрик Мекинро, кој пред шест години, на 34. роденден на Роџе Федерер, јавно се обиде да го испровоцира српскиот тенисер.
„Се прашувам како Ѓоковиќ ќе биде рангиран кога ќе наполни 34. години“, праша тогаш Мекинро.
Ноле уште неколку недели сигурно ќе остане на оваа позиција, а доколку одигра како што треба во следните два гренд слема во Париз и Лондон, би можел да остане број еден и до крајот на годината.