Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, денеска ја прими вакцината против коронавирус. Тој ја прими вакцината „Фајзер“ и рече дека сите треба да го следат неговиот пример за што побрзо ја победиме пандемијата и го вратиме светот во нормала.
Тојн им се заблагодари на целиот тим за вакцинација за одличната организација и високото ниво на хоспитална култура.
„Пред неколку месеци се пријавив на системот за вакцинација, минатата недела преку смс и мојот матичен лекар бев известен за мојот термин за вакцинација и денес примив вакцина“ напиша Тодоров.