Гитаристот Венко Серафимов и групата „Нокаут“, снимија песна со име Good Old Fashioned Rocк&Roll. Никола Перевски – Пере од „Нокаут“ вели дека станува збор за своевиден омаж на рок‘н‘ролот. Музиката и текстот ги напиша Венко, додека аранжманот е на Пере.
Ова е нивна прва директна соработка иако и порано настапувале заедно. Во 2020 година, Венко беше специјален гостин на концертите на групата „Нокаут“ во Охрид и во Битола.
Како реномиран рок-артист и гитарист со кариера, долга веќе четири децении, Венко по овие концерти изјави дека со задоволство им се придружил, зашто „Нокаут“ прават поп-музика која е многу фер и музикална.