(Видео) Тајната подморница на Путин, за Русија е истражувачка, за Западот шпионско подводно пловило

Први јули 2019 година ќе остане забележан со црни букви во руската морнарица. На тој ден, 14 искусни руски подморничари трагично го загубија животот во пожар кој ја зафати руската подморница „Лошарик“, која тогаш била класификувана како воена тајна.

За неа не се знае многу, освен дека е подморница наменета за големи длабочини и за специјални мисии. Но, што е всушност „Лошарик“ и каква би требало да биде улогата на оваа специјална подморница, се прашуваат голем број воени експерти?

Подморницата од типот „Лоашрик“ во западната поморска литература е опишана како тајната подморница на Путин, наменета за специјални задачи. Во литературата таа е обележана како подморница за истражување на големи длабочини.

Руската литература ја обележува како нуклеарна невооружена станица за големи длабочини. Оваа подморница е означена како Проект 10.831. Плановите за изградба на оваа подморница се направени во конструкционото биро Малахит, уште пред 41 година. „Лошарик“ во суштина бил продолжение на советскиот проект за развој на подводни пловила (подморници) за големи морски длабочини и за извршување на специјални задачи. Името Лошарик доаѓа од името на цртан јунак, односно коњ.

Официјално изградбата на подморницата била почната кога бил започнат и правењето на суперносачот од класата „Улјановск“ во 1988 година на бродоградилиштето Северодвинск, на северот на Русија. Недостатокот од пари по распадот на Советскиот Сојуз, било причина за да се откажат од градењето, но, не и целосно да се прекине. Проектот, по лична наредба на Путин, била повторно почната во 2003 година.

Според достапните податоци, подморницата има должина од 70 метри и подводен депласман од 2100 тони. Во самата подморница има нуклеарен реактор Е-17. Екипажот брои само 25 членови.

Подморницата од 2003 година е под команда на Главната управа за подводни истражувања (GUGI), која на западот ја нарекуваат и невидлив дел од руската морнарица, која исклучиво се занимава со специјални мисии.

Подморницата е целосно автономно подводно пловило, кое може да се користи самостојно или во комбинација со стратешки или нападни нуклеарни подморници, кои служат за нејзина заштита, додека ги извршува специјалните задачи под вода.

Гледајќи ја надворешноста, „Лошарик“ не се разликува претерано од другите руски подморници. Трупот има цилиндрична форма со седум топчиња кои се изработени од титаниум, кои меѓусебно се поврзани со цевки, што овозможува подморницата да потоне до 6000 метри длабочина.

Како што специјализираните медиуми јавиле, во моментот на избување на пожарот во подморницата, таа сенаоѓала на некои 60 наутички милји источно од брегот на Норвешка и 400 километри северно од Артичкиот круг.

Пожарот го преживеале како што е соопштено десет членови на екипажот кои биле евакуирани, додека четиринаесетмината кои останале да се борат со огнената стихија настрадале. Единствените очевидци биле руските рибари кои се затекнале на местото на настанот.

Тие рибареле во забранета зона кога се случил инцидентот со подморницата, но и први побрзале да помогнат. Потоа следеа голем број претпоставки, за тоа што навистина се случило, особено во западните медиуми.

Во нив се појавија тврдења дека вистинската цел на оваа подморница била шпионажа, односно обид да се приклучи на еден од 465 комуникациски кабли, вклучувајќи го и оној оптички за интернет, кој доаѓа од норвешките бази и командни центри до мрежата на локатори што откриваат подморници.

Посебен фокус е даден на трансаталнскиот оптички кабел, кој почнал да се поставува од 1988 година. И самиот руски претседател Владимир Путин често во своите говори нагласувал дека контролата на информацијата е најважна, а од особено значење се морските кабли кои се загрозени.

Инаку на Запад во последните три години се појавија голем број на стручни анализи на тема како Русите го шпионираат Западот преку оптичките кабли на кои се приклучени благодарение на специјализирани подморници.

Дали тајната мисија на „Лошарик“ на која се случила трагедијата, всушност била контролата на тие каблови, со оглед на тоа дека единствено таа подморница била способна да нурне на толкава длабочина, е прашање кое ги заинтригирало западните експерти.

Американските нуклеарни подморници најмногу можат да стигнат во длабочина до 700 метри.

„Њујорк Тајмс“, пред повеќе од година дена го постави прашањето зошто Русија не ја предупредила тогаш Норвешка, на можноста од нуклеарна катастрофа, кога дошло до пожар во подморницата. Инаку двете земји имаат договор за взаемно информирање на такви ситуации.

Енигма останува и за тоа зошто Русија не ја известила Норвешка дека е во прашање подморница на нуклеарен погон.

 

Scroll to Top