Пејачот Дарко Илиевски и официјално стана државјанин на Америка. Тој се пофали дека по три години престој во Флорида, конечно добил американско државјанство. Пејачот откако се ожени, ја остави музиката и замина во САД.
Дарко и Ивана за време на нивниот престој во Америка го добија синот Матео, а пејачот често споделува со фановите фотографии од него.
„21.05.2021 е мојот посебен датум! Добив американско државјансво и сега сум официјално американски маж. Пред 3 години го започнав своето ново патување, новиот живот од нула. Новиот живот беше измешан со емоции, многу среќни денови и многу завршени задачи. Сакам сета благодарност да ѝ ја дадам на мојата сопруга, затоа што без неа немаше да направам ништо. Ти благодарам што си посебна и што го донесе Матео во нашиот живот, многу ве сакам! Сакам да им кажам благодарам и на диџеј Крејзи Славе и Лилјана Келешоска што ми беа наша најголема поддршка, бидејќи ме третираа како свој син. И сакам да кажам дека ми недостасуваат мајка ми, татко ми, сесра ми и внукот и моите пријатели, но, се надевам дека наскоро ќе се видиме! На здравје“, напиша познатиот пејач.