Двајца затворски службеници чија задача била да го чуваат Џефри Епстајн, за време на ноќта кога се убил во њујоршкиот затвор, признаа дека ги фалсификувале евиденциите за својата работа, но, направиле и спогодба со сојузните обвинители.
Џефри Епстајн, милионер и финансиер, беше осуден за трговија со бело робје и сексуално искористување на малолетнички. Беше уапсен на 6. јули 2019 година, а пред судот не се изјасни дали се чувствива виновен за обвинувањата.
Затворските работници Това Ноел и Мајкл Томас, беа обвинети дека спиеле и пребарувале на интернет, наместо да го набљудуваат Епстајн ноќта кога тој се самоубил во август 2019 година.
Тие се обвинети за лажење во затворските евиденции и направиле да изгледа како да ги извршиле потребните проверки на затвореникот Епстајн, пред тој да биде пронајден мртов во ќелијата, во која подоцна, медицинските истражители утврдиле дека е во прашање самоубиство.
Како дел од договорот со обвинителите, тие направиле договор со одложено кривично гонење со Министерството за правда и нема да служат затворска казна, е наведено во дописот на сојузните обвинители на кои судските списи им биле доставени во петокот, пренесува „Асошиетед Прес“.
Обвинителите ги обвиниле Ноел и Томас дека седеле на своите столови на само 15 метри од ќелијата на Епстајн, купувале на интернет мебел и мотори и шетале во заедничките простори на едницата, наместо на секои 30 минути да ја извршат задолжителната проверка на затворениците.
За време на еден период од два часа, се чинело дека и двајцата заспале. Смртта на Епстајн и откритието дека успеал да се убие додека бил зад решетките во еден од најбезбедните американски затвори, претставува голема срамота за американското Биро за затвори.
Оваа агенција се соочува со обвиненија за сериозно кршење на законот во последните неколку години.