Пејачот Стефан Петрушиќ, кој пред 10 години победи во „Sвездите на Гранд“, се ожени со својата долгогодишна девојка Марија. Двојката го чека првото дете. Дека се оженил, Стефан објави на „Инстаграм“ и сподели неколку видеа од венчавката.
По победата во „Гранд “, Стефан помалку се занимава со музика, а повеќе е фокусиран на кариерата како адвокат. Тој пред неколку години заврши Правен факултет и денес работи како адвокат.