Хрватската писателка Ведрана Рудан гостуваше во утринската програма кај водителката Јована Јоксимовиќ каде ѝ го спомна богатството во кое ужива заедно со својот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ.
Ведрана во текот на разговорот ја испита Јована околу скапоцената вила во која ужива, но и ја запраша дали ја продала колата од пола милион евра која е во нејзино сопствеништво.
„Да сум платена како вас, можеби поубаво би изгледала. Зошто сте Вие убави, а јас не? Не сум вложувала во себе. Ја би била многу поубава ако ги имам Вашите пари“, рече Ведрана, а Јована ја прекина со насмевка: „Што сте запнале за моите пари?“
„Ве гледам во Глорија со две прекрасни деца, имате најнов џип“, рече Ведрана, но Јована ја исправи „три деца“.
„Две, поатрактивни овие близаначињава, па најнов џип 250.000…“
„Тоа гледате на Пинк, а што се променило откога јас и Вие последен пат се видовме?“, ја праша Јована, на што Ведрана повторно ја запраша „Зошто, ги продадовте автомобилите?“
„Не сум“, рече Јована, на што Ведрана рече: „Ете. Јас гледам некој кој вози две возила од 500.000, кој купил вила од Кариќ – па мислам вау, а уште е и убав“, рече Ведрана, додека Јована со насмевка рече: „Да, добро се омажив, мислам супер се омажив“.
Писателката потоа рече дека Жељко „подобро се оженил отколку таа што се омажила“, на што Јована рече: „Не сум ни мислела дека ќе кажете нешто убаво за некој маж“.
„Па сега јас не знам ни дали Вашиот сопруг е маж, знаете тоа е толку широк поим“.
Погледнете го целиот разговор.
Во прашање е автомобил џип „бе-ме-ве“, најнов модел од серија 7 кој чини 130.000 евра, а истиот го вози Жељко Јоксимовиќ, што значи дека Ведрана се „пресметала“ за четврт милион.
Екипата на српската емисија „Папарацо лов“ ја пратеше водителката и го забележа „богатството на Јелена“.
Погледнете го возниот парк и дворот на вилата за кои говореше Ведрана: