Српската ѕвезда Јелена Карлеуша се пофали дека во внатрешната страна на устата го истетовирала зборот „Дива“, а сликата ја објави на „Инстаграм“. Иако повеќето фанови беа воодушевени од нејзината нова тетоважа и ја пофалија за храброста, имаше и такви на кои не им се допадна.
„Кога жена на 40 ќе полуди, па мисли дека е дива тинејџерка“, ѝ напишаа во коментар.
Ова е трета тетоважа на пејачката. Таа на раката ги има истетовирано имињата на нејзините ќерки Атина и Ника.