Жена починала по два часа сончање во солариум во Австрија

Жена во Австрија открила леш во една од коморите во солариум во Австрија во градот Калтенбрунер. Смртта на девојката во комората засега не е позната, а аутопсијата покажала дека нема никакви знаци на насилство. Се чека само на токсиколошкиот извештај.

Жената вели дека телото го открила околу 16:45 минути. Починатата девојка влегла во солариумот во 14:30 чсаот. Жената која го пронашла лешот, се посомневала дека нешто не е во ред, кога забележала дека првата кабина била зафатена, а дека ништо не се слуша од неа.

Таа се обидела да ја врати во живот, но, безуспешно, пренесуваат британските медиуми. Кога пристигнала итната помош, медицинските лица констатираат само смрт. Од салонот изјавила дека нивната опрема била во совршена состојба и дека немало регистрирано никакви дефекти.

 

 

 

Scroll to Top