(Галерија) Со порака испишана на црниот вел првата дама на средба со папата

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, за средбата со Папата одбра да носи црн костум со вел. Костумот, елегантен и префинет, е креација на дизајнерката Лидија Георгиева, која одамна креира за првата дама. Според протоколот за средбата во Ватикан, Ѓоргиевска носеше долги ракави и сукња под колена. На црниот вел, пак, со глаголица е испишано ⰈⰀⰓⰅⰏ ⰔⰑⰐⰜⰅⰕⰑ ⰐⰅ ⰐⰅ̀’ ⰃⰓⰅⰅ ⰔⰋⰕⰅ, што значи „Зарем сонцето не нè грее сите“. Овие зборови ги кажал Кирил во 9 век кога папата Адријан Втори ги благословил азбуката и книгите напишани од браќата Кирил и Методиј. „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво?“, рекол тогаш Кирил.

Сопругата на Пендаровски, освен со Георгиева, сработува и со други македонски дизајнери за сите јавни настани. Таа неодамна се вклучи и во кампањата за поддршка на македонските дизајнери.

Таа претходно во интервју за „Репортер“, рече дека секогаш на средби со странските дипломати и на настани во странство ќе носи облека креирана од македонските дизајнери за да ја промовира македонската мода во светот. Ѓоргиева досега соработувала со повеќето македонски креатори, и секогаш добивала пофалби за изгледот и изборот на облеката.

По повод чествувањето на денот на Свети Кирил и Методиј во Рим, претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска беа и во официјална посета на Ватикан.

Scroll to Top