Сања Барбика Цинцева за секс ѝ го зема Димче на Сани Гроздановска

Фолк-пејачката Сања Барбика Цинцева го сними спотот за нејзината нова песна, „Ковид и секс“, во кој главната улога ја има манекенот Димче Димчевски. Тој претходно глумеше во спотот за песната „Хаос“, на Сани Гроздановска. А бидејќи двете дами неодамна јавно се скраа и навредуваа преку социјалните мрежи, фановите сега се шегуваат дека Барбика ѝ го зела Димче на Сани за секс.

Новата песна на Сања Барбика ќе се промовира наскоро. Таа е еден од авторите на текстот, а песната ја направи заедно со Борче Нечовски и Дејан Момировски, со кои соработува одамна. Видеото за песната го режира Дарио Јанковиќ.

„Приказната за песната е моја, а идејата ја добив лани, додека траеше пандемијата со коронавирусот. ‘Ковид и секс’ има брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Наскоро ќе го промовираме и видеото и се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне“, вели Сања.

Претходно, Сања ја промовираше песната „Доказ“, испеана на српски јазик, а сними и дует со Џамбо Агушев за песната „Барбика кралица“.

 

 

Scroll to Top