Британскиот премиер Борис Џонсон (56) и неговата свршеница Кери Симонс (33) се венчаа во саботата вечер на мала приватна церемонија, објавија британските медиуми. Од кабинетот на Џонсон одбија да коментираат дали двојката се венчала во катедралата Вестминстер пред мала група пријатели и роднини, како што стоеше во извештаите за „Дејли Мејл“ и „Сан“.
„Сан“ објави дека дури и неговите соработници од кабинетот не знаеле за плановите за венчавката. Според актуелните ковид протоколи во Британија, на венчавки можат да присуствуваат до 30 луѓе.
Парот се сврши во февруари 2020 и има едногодишен син. За Џонсон ова е трет брак, а прв за Симонс. Тој има уште пет деца од претходните врски.