Во пожар на пристаништето Каштела во Каштел Гомилица, близу Сплит, изгоре јахтата на српскиот бизнисмен, и поранешен маж на Северина, Милан Поповиќ. Таа е една од петте луксузни јахти што изгореле во пристаништето, пишуваат хрватските медиуми.
Пожарот избувнал на 15-метарска јахта, по што се проширил и на околните бродови. Поповиќ, потоа во разговор за „24сата.хр“ потврдил дека една од изгорените јахти е негова, но не сакал да открива детали поради истагата.
„Ова е невидена катастрофа во нашите марини“, рекол судскиот вештак за бродоградба, Синиша Бакаља.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани сите расположливи пожарникарски единици од каштелската и сплитската област. Пожарникарите од теренот известиле дека во пожарот нема повредени.