На 79 години почина унгарскиот аниматор, режисер и сценарист Марцел Јанкович, познат како еден од авторите на цртаниот филм „Густав“.
Јанкович беше номиниран за Оскар за најдобар краток анимиран филм во 1976 година, но на овие простори остана најпознат по цртаните филмови „Густав“, кои се емитуваа на телевизија во Југославија. Цртаниот филм имаше 120 епизоди, се снимени меѓу 1964 до 1968 година, и потоа од 1975 до 1977 година.
Унгарската академија на уметности го опиша Јанкович како припадник на златната генерација на унгарската анимација. Тој пред неколку години призна дека не уживал да го прави „Густав“ зашто ги исмеваше животите на обичните луѓе, кои и така живееле под голем стрес во тогашното комунистичко општество.