Хакери упаднале во најголемата светска компанија за производство на месо

Најголемата светска компанија за преработка на месо, JBS, била погодена од хакери кои предизвикале застој во производството на месо во САД, Канада и Австралија. Поради нападот,  голем број од работниците биле принудени да останат дома.

Кибернападот се случил во неделата и ги погодил серверите на компаниите во Северна Америка и Австралија, било наведено во соопштението на JBS.

Како што пренесуваат медиумите, помошните сервери не биле погодени, а експертите работат на отстранување на проблемот. Од компанијата додале дека засега немаат докази дека податоците на поедини муштерии, снабдувачи или вработени се загрозени.

Австралиски ABC пренесува дека поради новонастанатата ситуација, одреден број на камиони биле принудени да се вратат назад, затоа што стоката не било возможно да се достави во државата Квинсленд.

Како што изјавил претседателот на Синдикатот на вработените во месната индустрија, Ендру Фоден, илјадници работници ширум земјата биле испратени дома, поради хакерските напади. Компанијата JBS води 47 објекти за преработка на месо во Австралија, каде што работат околу 11.000 луѓе. Засега не се знае колку долго ќе трае овој застој.

Федералниот министер за земјоделство, Дејвид Литлпрауд, изјавил дека владата соработува со JBS, но дека сѐ уште е рано да се знае дали е во прашање ренсомвер, односно дали хакерите ќе бараат откуп. Работењето е отежнато и во Канада и во САД, а во државата Алберта има фабрика која дневно преработува околу 4000 грла стоки, а која морала привремено да ја затвори вратата.

Изминатите години кибернападите врз големи компании се сѐ почести. За потсетување, минатиот месец на мета на хакери се најде најголемата американска нафтена компанија „Колонијал паиплајн“, поради што нафтоводот, кој се протега по должина на американскиот источен брег, бил целосно затворен, што на недела дена довело до големи исчезнувања на горива во тој дел на САД. Како што пренесуваат американските медиуми „Колонијал пиплајн“ на хакерската група „Дарксајд“ ѝ исплатиле 90 ммлиони долари во биткоини, иако првично е објавено дека се работи за сума од пет милиони долари.

 

Scroll to Top