Хороскоп за 2 јуни: Недоразбирања за лавот, стрелецот е заљубен

ОВЕН

Денеска ќе имате повеќе обврски отколку што сте навикнале, но ќе успеете да се организирате. Смислувате креативен и оригинален начин да го придобиете вниманието на личноста која ви се допаѓа. Водете сметка за имунитетот.

БИК

Слободно опуштете се денес и малку одморете од работа. Поволен ден за опуштање. Ќе запознаете личност која во вас ќе разбуди силни емоции и со која многу бргу ќе посакате сериозна врска. Можни се проблеми со притисокот.

БЛИЗНАЦИ

Доколку имате некои дилеми на работно поле, денес треба да обрнете внимание на нив. Денот кој е пред вас може да донесе добри промени на љубовно поле. Проблеми со стомакот и варењето.

РАК

Не очекувајте сега поголеми промени. Пред вас е еден генерално статичен ден и прилично мирен. Може да очекувате дека добро ќе се согласувате со саканата личност. Пред вас е одличен период за љубов. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Може да очекувате ден кој е многу поволен на финансиско поле за вас. Добра материјална ситуација е пред вас. Продолжувате со фазата на тензии и проблеми со саканата личност. Внимавајте на исхраната.

ДЕВИЦА

Денот ви поминува опуштено, на работа е сѐ во ред и немате поголеми стресови или, пак, проблеми. Спремни сте да се посветите на личноста која ви се допаѓа и да уживате кога сте заедно. Потребен ви е одмор и сон.

ВАГА

Можни се помали недоразбирања со претпоставените. Ве очекува фаза во која ќе имате нестабилна состојба на деловно поле. Моментално некои работи кои се случуваат во вашата емотивна врска не ви одговараат. Не ве очекуваат проблеми со здравјето.

СКОРПИЈА

Доколку сте очекувале промени на деловно поле, можеби некои ситуации ќе ви бидат одложени. Ви следат позитивни промени со саканата личност која ви е посветена максимално. Можни се грчеви во мускулите.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува период во кој ќе имате деловни проблеми и ќе ви биде потребно време да ги решите. Доколку сте во потрага по нова љубов, денес може да ви се укаже некоја можност за љубовна авантура. Психосоматски проблеми.

ЈАРЕЦ

Ќе се одложат некои планови, но сега тоа нема толку да ви пречи. Може да очекувате мирен период. Имате чувство дека вашиот партнер крие од вас некои нешта и тоа не ви се допаѓа. Во врската барате почитување. Болки во пределот на грбот.

ВОДОЛИЈА

Не сте задоволни од моменталната работа и не ви е лесно на ова поле да ги создадете промените кои ги посакувате. Околностите во кои се наоѓате со саканата личност би можеле до некаде да бидат проблематични. Склони сте кон депресија.

РИБИ

Се доведовте себеси до успех и благодарни сте поради тоа. Верувате дека вашата иднина е уште подобра. На љубовно поле доаѓа фаза во која ќе имате многу среќа со личноста која ви се допаѓа. Проблеми со градниот кош.

Scroll to Top