„Гардијан“: Во Бакингемската палатата било забрането да се вработуваат обоени лица и мигранти

Британскиот весник „Гардијан“ дојде до документи што покажуваат дека во кралската палата постоела пракса уште од 1960 година да не се вработуваат обоени лица, мигранти или странци на чиновнички позиции.

Овој скандал во кралското семејство во јавноста е познат со името „Фирма“. Скандалот само покажал како кралските членови од палатата успеале да преговараат да бидат изземени од законот со кој се спречува сексуална и расна дискриминација во општеството.

Документите биле најдени во Националната архива и покажуваат дека уште од 1968 година кралскиот главен финансиски менаџер ги известил чиновниците во палатата дека не постоела пракса на вработување обоени мигранти или странци, освен на позицијата слуга.

Засега не се знае кога ваквата пракса била прекината затоа што од палатата одбивале да одговараат на прашања на новинарите за вработувањата. Во јавноста е познато само дека од 1990 година бројката на вработувања во палатата постепено се намалувала.

Претходно не се водело документација за расното потекло на вработените. Овие документи само ги потврдиле шпекулациите што се појавиле во јавноста за расната и за сексуалната дискриминација во кралското семејство, пишуваат медиумите.

Први што го обвинија кралското семејство за расна дискриминација беа внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во интервјуто кај американската водителка Опра Винфри.
FILE PHOTO: Britain’s Prince Harry and Meghan, Duchess of Sussex, are interviewed by Oprah Winfrey in this undated handout photo. Harpo Productions/Joe Pugliese/Handout via REUTERS/File Photo

Двајцата го обвинија кралското семејство за расизам велејќи дека само затоа што Меган е мелез, еден член од семејството бил загрижен за бојата на кожата што нивниот син Арчи ќе ја добиел кога ќе порасне.

Ова не е прв скандал со кој се соочува кралското семејство. Претходно, кралицата Елизабета беше цел на критики затоа што ја убедила владата да го промени нацрт-законот и на тој начин да го скрие своето приватно богатство од очите на јавноста.

„Гардијан“ објави дека приватниот адвокат на Елизабета, Виндзор, вршел притисок врз министрите на британската влада да се направат измени во предложениот закон за јавноста да не може да открие колкаво богатство има кралицата Елизабета.

Иако бројката не е позната, се проценува дека станува збор за стотици милиони фунти.

Претходно, беше критикуван и нејзиниот син, принцот Чарлс, затоа што тајно успеал да истурка во Парламентот закони што нема да важат за него, а со чија помош успеал да ги спречи станарите на неговиот имот да ги купат куќите во кои живееле со години.

Весникот откри дека кралското семејство користело тајна процедура за да стави вето на три парламентарни закони и на тој начин да ги спречи станарите да си ги остварат своите права.

 

Scroll to Top