(Фото) Тонеше сплавот додека пееше Наташа Беквалац, гостите веднаш евакуирани

Синоќешниот настап на пејачката Наташа Беквалац во Белград беше прекинат кога сплавот на кој беа гостите почнал да тоне. Од обезбедувањето веднаш ги евакуирале сите кога забележале дека сплавот почнал првин да се ниша, а потоа и да тоне.

Полицијата бргу стигнала на местото на настанот. За среќа, никој од гостите не бил повреден.

Беквалац им се врати на свирките по пауза од една година поради пандемијата на коронавирусот. Таа им се заблагодари на сите што дојдоа и рече дека се чувствува како да била пуштена од сонџир.

„Толку ве сакам што вечерва дојдовте заедно да се забавуваме. Јас многу сакав да настапам. Извинете за тоа што ќе го направам вечерва, но се чувствувам како да сум пуштена од синџир“, рече пејачката на почетокот на свирката.

 

Scroll to Top