(Видео) Тобоган од 280 метри ќе гради градоначалникот Шилегов во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во интервју за „Репортер“ откри дека новиот забавен парк што ќе почне да се гради наскоро ќе има модерен, светски изглед, а во паркот ќе доминира тобоган висок 280 метри. Шилегов во разговорот рече и дека целосно ќе се смени изгледот на тој дел од Градскиот парк, па веќе нема да постојат летните дискотеки.

„Забавниот парк во Скопје ќе биде таква инсталација што ќе понуди целодневно згрижување на семејството. Ние како концепт го претставивме во 2018 година, но не можевме да го имплементираме зашто се се случи пандемијата. Сега се тие околности надминати и во август ќе го презентираме визуелниот изглед на тоа што ќе го добиеме. Мала тајна е дека ќе имаме преку 280 метри тобоган, ете ексклузивна информација. Нема толку големи тогобани и тоа е бајаги скапа работа. Нема да има дискотеки, ќе има ресторани“, рече Шилегов во интервјуто.

Целото интервју со градоначалникот, каде што зборува и за приватниот живот и семејството, наскоро на „Репортер“.

 

Scroll to Top