(Фото) Готово е со убавината што ја промовира Холивуд: Шенон Доерти без шминка и филтри

Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс 9021“, Шенон Доерти, објави фотографија без шминка и филтер. Таа преку својот Инстаграм профил го сподели својот став околу токсичните стандарди за убавина.

„Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без филери, без ботокс, без лифтинг на лицето. Жени кои го прифатиле своето лице и искуството што тоа го покажува“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

Доерти истакна дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала во својот живот.

„Преживеав многу. Да, рак, но и повеќе од тоа. Сега се прифаќам. Конечно. Готово е со перцепцијата за убавина каква што ја промовираат Холивуд и списанијата и се обидуваат да нè вовлечат во тоа. Сакам да видам жени како мене. Жени како нас“, заклучила таа.

На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред шест години, а две години подоцна објави дека е во ремисија. Но, во февруари 2020 година, таа откри дека ракот ѝ се вратил и напредувал до четвртата фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

Scroll to Top