На почетокот на оваа година, сите обожаватели на серијата „Sex and the City“ беа воодушевени од веста дека хероините ќе се обединат за да снимаат продолжение на култната ТВ-серија што ќе се вика „And Just Like That.
Дејството наводно ќе се врти околу трите пријателки кои сега се во петтата деценија од животот. Серијата ќе се состои од десет 30-минутни епизоди. Сите досегашни информации за новите епизоди на култната серија укажуваат на тоа дека нѐ очекува бескрајно здодевна серија, барем многу различна од оригиналната, особено бидејќи Ким Катрал нема да ја повтори улогата на Саманта во новата сезона.
Снимањето на 10 нови епизоди е најавено за почетокот на летото, а судејќи според фотографијата што ја објави главната актерка Сара Џесика Паркер, подготовките се во тек.
На својот профил на Instagram, таа објави слика со Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот), а зад нив се гледа дел од Њујорк.
View this post on Instagram
Во описот на објавата, таа напиша: „Повторно заедно. Ги читаме првите епизоди, заедно со момците и новите членови на тимот“.
Објавата доби неколку коментари од фановите дека „едвај чекаат да гледаат нови епизоди“, но имаше и такви кои прашаа „каде е Саманта“ и веќе нагласија дека серијата нема да биде иста без нејзиниот лик.
Она што е очигледно е дека актерките многу се сменија со текот на годините. Поминаа многу години и сите знаеме дека стареењето е природен процес, но се чини дека Дејвис претерала со ботоксот.