Фолк-пејачката Сања Барбика Цинцева ја промовира новата песна „Ковид и секс“, која веднаш предизвика коментари во јавноста. „Не ќе те спаси ни скафандер кога сум напалена даун андер. Не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина, дегустирај полека, немој на екс, може да е опасно Ковид и секс“, пее таа. Едни велат дека е одлична пародија на ова што ни се случува, други дека одамна ништо полошо не слушнале. Сања, пак, вели дека тоа ѝ била и целта кога почнала да ја работи песната.
„Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа сакав да го постигнам. Бројот на прегледи расте, а тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа и јас и мојот тим“, вели Цинцева.
Автори на „Ковид и секс“ се Дејан Момировски и Борче Нечовски, а спотот го режира Дарио Јанковиќ. Докторот во видеото е манекенот Димче Димчевски.
„Видеото е шарено, динамично, одговара на песната. Таа е летна, певлива и влегува во уво на прво слушање“, додаде Барбика и најави дека веќе има закажани настапи за ова лето.