Кога знаат дека умираш, веќе никој не те бара: Марина Туцаковиќ разочарана од естрадата

Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ, која со години се бори со ракот, вели дека откако во јавноста се зборува дека умира, полека ги снемало и пријателите од естрадата. Таа рекла дека сега, само понекогаш, ја бараат помладите музичари за да прашаат како е.

„Откако се разболев, повеќето ме заобиколуваат. Ама и мене ми одговара да се кријам, доста ми беше да ме има насекаде. Порано сите ми се јавуваа, а сега одвреме-навреме некој ми ѕвони. Секогаш ме бараат оние од помладата генерација – Милица Тодоровиќ, Милица Павловиќ, тоа се деца со кои малку работев, но секогаш ме прашуваат како сум, дали ми треба нешто и тоа ме прави посреќна отколку да ми се јават зашто им треба текст“, рекла Туцаковиќ во интервју за „Пинк“.

Таа открила и дека не престанала да пишува текстови, но тоа го прави многу ретко.

„Пишувам само кога имам сила. Многу работев во животот, па овој полуодмор и ми одговара. Сонував да работам за Цеца и тоа и се случи. Мојот најголем успех е тоа што успеав, без оглед на сите хитови, еднакво да уживам во туѓите текстови и песни. Некои туѓи текстови понекогаш ми изгледаа многу подобри од моите, ете на тоа се гордеам. Од Џибони, Бајага, Бора…“, додала Марина.

 

 

Scroll to Top