(Фото) Автопортрет на Курт Кобејн се продаде за 281.000 долари

Автопортрет во вид на карикатура, што го нацртал Курт Кобејн 1992 година, се продаде на аукција за 281.000 долари. Делото се продаде преку аукциската куќа „Џулиенс“, а првичната цена беше 10.000 долари.

Фронтменот на „Нирвана“ на карикатурата е прикажан како свири гитара и напишал: „Не знам да свирам и баш ми е гајле“.

Цртежот е насликан за време на гостувањето на „Нирвана“ во Сингапур на промоцијата на албумот Nevermind и првично бил подарок за фотографот Жак Чонг, кој го дружел Кобејн во тој период.

 

Scroll to Top