Пејачката иако деновиве објавува фотографии од одморот на Малдивите, таа се наоѓа во Загреб. Хрватската пејачка Северина Коиќ (49) во понеделникот доживеа вистинска драма. Двајца маскирани крадци ѝ го обиле станот на Северина во Загреб, ја врзале 65-годишната куќна помошничка и потоа побегнале во непознат правец.
Некои медиуми објавија дека при грабежот е украден накит во вредност од неколку стотици илјади евра.
По грабежот во станот на Северина Коиќ во Загреб, при што ја врзале нејзината домаќинка и ѝ одзеле вреден накит, се огласи и пејачката.
View this post on Instagram
„Вие разбирате ли дека не можам да кажам ништо, им се обрати пејачката на новинарите. Посакувам само сите да сме живи и здрави. Се разбира, некои украдени работи имаат сентиментална вредност за мене, но полесно ќе се справам со тоа. Тие го украдоа моето дете во мене. Моите спомени. Тоа е најлошото нешто што ми се случи. Работите имаат вредност, но може да се надоместат. Изгубеното и украдено време без моето дете никогаш не може да се надомести“, изјавила Северина за „Јутарњи лист”.
По грабежот, интервенирала полицијата, а во станот била спроведена истрага, во чиј извештај е наведено:
„Денес, во попладневните часови, во станот во сопственост на жена (49), извршено е кривично дело разбојништво против жена на возраст од 65 години од двајца засега непознати сторители со употреба на физичка сила. По тој повод украден е накит. Материјалната штета сè уште се утврдува. Во инцидентот нема повредени. Се спроведува понатамошна кривична истрага со цел да се најдат сторителите“, изјавила загрепската полиција за хрватските медиуми.
„Фала му на Бога, сите се добро. За сè друго мора да ве насочиме кон полицијата“, изјавил менаџерот на Северина за „Нова.рс”.