Песната „Били Џин“ на Мајкл Џексон има повеќе од една милијарда прегледи на „Јутјуб“. Со тоа кралот на поп-музиката влезе во таканаречениот „клуб на милијарда прегледи“.
„Били Џин“ е третото музичко видео од осумдесетите години со над милијарда прегледи на „Јутјуб“. Пред неа тоа беа песните Sweet Child O’ Mine на Guns N’ Roses и Take On Me, на a-ha.
Музичкото видео по премиерата во 1983 година кога се најде на првото место од Билборд топ листите, по што освои две Греми награди и беше номинирано за најдобра песна во 1984 година.
Во просек имало над 600 илјади прегледи глобално во 2021 година, пишува порталот Bilboard.
Режисерот на видеото Стив Барон, е еден од тројцата продуценти кои го поддржале албумот на Џексон, „Tрилер“, кој до денес е најдобро продаван албум на светско ниво.
Истоименото видео на Јутуб досега има над 765 милиони прегледи. Инаку ова достигнување на песната „Били Џин“ се поклопува со 12 годишнината од смртта на Џексон, која се случи на 25 јуни 2009 година.