Госијаме Тамара Ситоле, жената од Јужна Африка која тврдеше дека родила десет бебиња, е пронајдена и примена на психијатрија во Јуханезбург. Таа претходно исчезна откако тврдеше дека со нејзиниот партнер Тебог Цотецидобиле десет бебиња.
„Добивме седум момчиња и три девојчиња. Јас сум среќен човек. Сега сум многу емотивен и не можам да зборувам“, изјавил Тебог кога дознал дека неговата сопруга му родила десет деца. Но, потоа се јави сомнеж дека Тамара воопшто била трудна, пренесува „Њујорк пост“.
„Лекарските прегледи покажаа дека таа не била ни бремена. Исто така немаше ни лузни кои би потврдиле дека и бил направен царски рез“, изјавил извор за Aj vitnes njuz.
Нејзиниот адвокатот Рефилое Мокоена, вели дека Ситол била држена во болница против нејзина волја.
„Таа не сакаше да оди во болница на психијатриски преглед, затоа што сметаше дека е здрава. Од болницата ни кажаа дека е во нивна надлежност и дека не и било дозволено да ја посетат адвокати и тим псиолози, кои ги побарала“, изјавил Мокоена.
Во меѓувреме, нејзиниот партнер Тебог се посомневал во целата оваа приказна.
„Тој повеќе пати се обиде да ја посети и да ги види децата, но, таа не сакаше да му каже каде се наоѓа и во каква состојба се децата. На крај заклучивме дека таа се нема породено и им се извини на јавноста за целата непријатна ситуација“, изјавиле од семејството од страната на сопругот.
Локалните власти исто така соопштиле дека не постојат никакви записи дека некој во болницата родил десетка. Од друга страна, семејството од страната на Тамара и понатаму тврди дека таа се породила и дека го соборила рекордот на Халима Цисе од Мали, која во мај роди девет бебиња.
Жена од Јужна Африка роди десетка и го урна светскиот рекорд