Жена од Јужна Африка роди десетка и го урна светскиот рекорд

Госијаме Тамара Ситол (37) роди десет бебиња, зачнати по природен пат. Таа веќе има шестгодишни близнаци со сопругот Тебохо Цотеци. Кога останала бремена, лекарите ѝ кажале дека носи шест бебиња, потоа потврдиле дека се осум, но сите биле изненадени кога таа родила десет деца.

„Се родија седум момчиња и три девојчиња“, рекол Цотеци за „Преторија њуз“ откако неговата сопруга се породи во седмиот месец од бременоста.

 

Ситол го покажа својот огромен труднички стомак минатиот месец кога правеше фотосесија со нејзиниот сопруг, а тогаш сè уште мислеа дека очекуваат осум бебиња. Но велат дека и осумката била изненадување, бидејќи првичните прегледи покажале шест бебиња.

„Кога лекарот ми соопшти, не ми се веруваше. Дури и кога го видов ултразвикот, сè уште не верував во тоа. Но, како одминуваше времето, сфатив дека е вистина. Одвај спиев ноќе“, рече таа за навидум неточните вести дека очекувала осум бебиња.

„Бог направи чудо и моите деца останаа во матката без никакви компликации. Само се молам Бог да ми помогне сите мои деца во бидат здрави и јас и моите деца да излеземе живи“, рече таа за својата бременост.

Ако биде потврдено, породувањето со 10 деца би било првото познато раѓање на десетка. Претходниот рекорд го држаеше Халима Сисе, која роди девет деца минатиот месец.

„Во Гинисовиот рекорд се информирани дека Госијаме Тамара Ситоле роди десетка. Испраќаме честитки и најдобри желби на семејството“, изјави за „Пост “ портпарол на организацијата.

„Во сегашно време, ова допрва ќе го потврдиме како запис бидејќи благосостојбата и на мајката и на бебињата е од најголем приоритет. Нашиот тим за евиденција заедно со специјалист консултант го разгледуваат ова“, рече портпаролот.

Scroll to Top