Природна заштита од комарците со лаванда и пиво

Од комарците освен можете да се заштитите и на природни начини, а не само со средствата купени во продавница. Меѓу природните средства за заштита се маслото од лаванда, кафето, лукот, пивото…

Лукот лесно ги одбива комарци. Се гмечат неколку чешниња лук, па се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ просториите во домот. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари.

Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат.

И талогот од кафе може да помогне, ако во близина имате застоена вода. Тоа е вообичаено место за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината и ќе угинат.

Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или свежо набрано како растение некаде во домот и тоа ќе ги одбие комарците.

Комарците, исто, не толерираат мирис на пиво и друг вид алкохол. Се става чаша пиво или некој друг алкохол во собата и комарците ќе ги снема сами по себе.

Scroll to Top