Бизнисменот и поранешен политичар, Трифун Костовски, постојано е активен на социјалните мрежи. Тој освен што има личен профил на Фејсбук, неодамна отвори и своја фан-страна каде што ги споделува своите политички ставови, коментира, дебатира, а неретко објавува и семејни слики, но и фотографии од минатото. На последните слики, Костовски е со неговата ќерка Олга.
„Најголемата љубов и слабост на секој татко – неговата ќерка“, напиша тој.
За потсетување, Костовски освен што е во јавноста познат како бизнисмен, беше и активно вклучен во политиката, па четири години беше градоначалник на Скопје.