Знамето со боите на виножитото се вееше низ центарот на Скопје, на втората по ред Парада на гордоста, организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Стотна учесници парадираа од Жена парк до Градскиот парк во Скопје.
Парадата ја отвори овогодинешниот претставник на песна на Евровизијата, Васил Гарванлиев, со песната „Here I stand“. Тој неодамна отворено прозбори за својата сексуална ориентација, а потоа и настапи на ваква парада во Бугарија.
На настанот учество земаа и други познати лица, меѓу кои естрадни уметници, политичари. Меѓу присутни беа претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.
Низ улиците можеше да се забележат и бројни транспарентни на кои беше испишано: „Родители вклучете се, љубов е“, „Љубов вон ѕидовите“, „Иднината е квир“ итн.
happy #skopje pride🏳️🌈! love is love!
❤️🧡💛💚💙💜@skopjepride#skopjepride#skopjepride2021#skopyeah#lovepic.twitter.com/tMOIXYpg5s— ░▒▓██▓▒░ (@mnmlbit) June 26, 2021
🏳️🌈 Среќен Скопје Прајд!
❤️ Happy Skopje Pride!
🤗 Gëzuar Shkupi Prajd!#SkopjePride #ВонЅидовите #BeyondTheWalls #JashteMureve pic.twitter.com/avNpkzg3HP— Skopje Pride (@SkopjePride) June 26, 2021
фото: МИА