Том има корона, пак прекинато снимањето на „Невозможна мисија“

Новото продолжение на „Невозможна мисија“ е повторно прекинато, затоа што Том Круз е заразен со коронавирус, открива анонимен извор.

„Снимањето е прекинато затоа што Том имаше позитивен тест. Откако тоа им беше објавено на екипата, тој повеќе не се појави на сетот“, открил изворот.

Тој додал дека не постои доказ дека Круз се наоѓа во самоизолација и дека неговиот тест бил позитивен, но вели дека за време на снимањето, постојано се слушале шеги на негова сметка.

„Беше иронично поради тоа што Том беше причината за прекинот на снимањето“, вели изворот, потсетувајќи на инцидентот и заканите на глумецот кон неговите вработени за непочитувањето на коронамерките.

Засега не е познато дали Круз е вакциниран против Ковид 19, но, изворот вели дека и доколку е, не постои целосна гаранција дека повторно би можел да се зарази.

 

Scroll to Top