Илина Арсова отвора школа за качување и со спорт ќе ги учи жените да бидат самостојни

Алипиниската и сликарка Илина Арсова последниот период е посветена на нејзиниот најнов проект, односно првата женска школа за качување во Македонија.

Арсова преку своите часови сака да им го пренесе нејзиното досегашното искутво, да ги научи на придобивките од спортот, како и да им ги покаже прекрасните предели со кои изобилува нашата земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Таа вели дека идејата за ова доаѓа од родовите неедкаквости, пред сè од физичките разлики меѓу жените и мажите. Но и поради тоа што жените се порационални и повеќе реагираат на страв, кој е рачна кочница  во процесот на напредување.

Знаејќи ги овие работи, од сопствено и искуство на други луѓе, сметам дека односот на жена кон жена може да има особено позитивен ефект врз мотивацијата и пребродување на овие пречки. Не дека не примаме машки во друштво, но едноставно ова е добра вежба за девојките да бидат посамостојни, свесни за своето ниво и целта што  сакаат да ја постигнат“, открива Илина за „Репортер“.

Арсова вели дека нашата земја располага со идеални места за спортовите како планинарење, велосипед, параглајдерство, слободно скијање, како и за секој вид качување карпи (спортско, алпинизам, традиционално). Отворена е за сите спортови, но засега е насочена кон искачувањето карпи.

„Особено сакам да ги поттикнам девојките и со нив да ги споделам моите лични искуства, придобивките од спортот во комбинација со прекрасните предели ширум светот кои сум ги открила благодарение на качувањето. За крај улогата на спортот во  развојот на работните навики, дисциплина, но и едноставноста на прилагодување која ни е од помош во разни животни фази“, додава таа.

Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги освои сите седум највисоки врвови на седум континенти. Таа е во љубовна врска со актерот и шоумен Игор Џамбазов, со кого често ги измамуваат погледите на публиката.

Марија Прличкова 

Scroll to Top