Мис Невада ќе биде првата трансродова жена што ќе се натпреварува за Мис на САД

Каталуна Енрикез (27), која е избрана за Мис Невада, ќе биде првата трансродова жена што ќе се натпреварува за титулата Мис на САД, пренесе Си-ен-ен.

„Нема зборови да опишат колку сум благодарна. Голема благодарност до сите што ме поддржаа уште од првиот ден. Мојата заедница е секогаш во моето срце. Мојата победа е наша победа. Само што влеговме во историјата. Среќен месец на гордоста“, рекла Каталина во својот говор.

Scroll to Top