По пандемијата, „Поточиња“ на Школка во Градски парк

По пауза поради пандемијата со коронавирусот, на 3 јули (сабота) од 11 часот на Школка во Градски парк ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ова ќе биде 18. издание на фестивалот, на кој ќе бидат промовирани единаесет нови песни. Водител на настанот ќе биде фестивалската маскота „Поки“.

Од организацијата, „Пап продукција“, информираат дека во услови на пандемија изминатите месеци морало да се ограничи бројот на деца – учесници. Влезот е бесплатен, а фестивалот ќе биде организиран согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Scroll to Top