Актерите Џенифер Лопез и Бен Афлек организираа средба во забавен парк во Холивуд за да ги запознаат меѓусебе нивните деца. Ова беше прва средба на близнаците на Лопез, Еме и Макс, со синот на Афлек, Семјуел. На семејното дружење не дојдоа ќерките на Бен.
Двете семејства се дружеа во забавниот парк на „Универзал студиос“ во Холивуд, се шетаа низ паркот, се возеа со луди железници. Додека беа заедно, Бен и Џенифер се држеа за раце и не криеја дека се повторно заљубени, пишува „Дејли меил“.
48-годишниот актер и 51-годишната пејачка, се повторно во врска скоро три месеци. Тие се свршија во 2003 година, но ја раскинаа веридбата во 2004, неколку месеци пред да се венчаат, поради големиот медиумски притисок што не можеле да го издржат.
По ова, Лопез се омажи за пејачот Марк Ентони со кого ги доби близнаците, ќерката Еме и синот Макс (13), а Афлек се ожени со актерката Џенифер Гарнер со која го има синот Самјуел (9) и ќерките Вајолет (15) и Серафина (11). И појрај тоа што не беа заедно, Џенифер и Бен останаа во контакт изминатите години, а врската ја обновија, еден месец откако Лопез ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез.