Хрватскиот репрезентативец и поранешен ракометар на „Вардар“, Игор Карачиќ, неодамна во Мостар се ожени со архитектката Душица Андоновска, а сега заминаа на меден месец.
Двојката првин беше на островот Бол на Брач во Хрватска, а од таму на романтика и егзотика на Малдивите. Дека уживаат и се среќни, двојката објави неколку фотографии од одморот.
Со нив се и сестрата близначка на Душица, Марија, која долго време е во љубов со германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, кој исто така играше за „Вардар“.
За потсетување, свадбата на Душица и Игор неодамна беше во Мостар. Двојката се венча во кругот на најблиските роднини и пријатели. За свеченоста Душица носеше куса венчаница, а Игор облече костум и патики.