(Фото) Целата е оперирана: фановите се скараа за Брена додека таа со Боба ужива во Црна Гора

Музичката ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба се на одмор во Црна Гора. Тие уживаат на плажите во местото Портонови. „Место за уживање и хедонизам“, напиша пејачката.

И додека двајцата уживаат летово во Црна Гора, нивните фанови се скaраа за нивниот изглед. Некои ја пофалија пејачката дека изгледа одлично, а други ја критикуваа и ѝ напишаа дека се нагрдила со операциите.

„Беки секогаш остана број еден. Карактер, стил, интелект, сила, убавина. Сè во едно“, напиша една нејзина обожавателка, а друг ја критикува и ѝ напиша дека повеќе не може да ја препознае.

„Каде ти се очите. Гледаш ли дека целата е оперирана. Повеќе не е истата. Не можам да ја гледам. Парите не се сè во животот“, ѝ напиша тој.

 

Scroll to Top