Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, му се јавил на Горан Пандев, по последниот натпревар против Холандија на Европското првенство и по краток разговор почнал да плаче, вели македонскиот фудбалер Бобан Николов.
„Откако Мурињо заплака, почнавме сите да плачеме. Јас, Стефан Ристевски и другите“, рече Николов во емисијата „Лазаров“ и откри како се одвивал видео-повикот со Португалецот.
„Беше многу емотивно кога една легенда како Мурињо ти се обраќа на таков начин“, изјавил Николов, кој вели дека сите емотивно го дочекале заминувањето на Пандев во пензија.
Поранешниот капитен доби голем број честитки од сите страни за настапот на Европското.