По долго боледување од рак на простатата почина легендарниот боливудски глумец Дилип Кумар, познат како кралот на трагедијата, на 98-годишна возраст во болница во Мумбај, Индија, пренесуваат странските медиуми.
Веста за смртта ја објави неговото семејство на „Твитер“, а подоцна и премиерот на Индија, Нарендра Моди, кој напиша дека смртта на уметникот е загуба за индиската култура и им изрази сочувство на семејството и обожавателите на актерот.
Од актерот се збогуваа и многубројни индиски филмски ѕвезди преку социјалните мрежи.
„’Институцијата’ веќе ја нема“, напиша боливудскиот глумец Амитаб Бачан.
„Ова е крај на една ера!“, сподели режисерот Мадуро Бандаркар.
Кумар бил хоспитализран двапати изминатиов месец бидејќи се пожалил на отежнато дишење. Минатата година од Ковид-19 починаа двајца негови браќа,